Рускиот тенисер Данил Медведев не успеа да се пласира во третото коло на Австралија Опен во 2025 година.
Во мечот од второто коло, светскиот рекет број 5 загуби во пет сета од 19-годишниот Американец Лернер Тин, кој се наоѓа на 121. место на АТП-листата со 2:3, по сетови 3:6, 6:7 (4:7), 7:6 (10 :8), 6:1 и 6:7 (7:10).
Мечот траеше 4 часа и 53 минути.
За време на натпреварот Медведев доби опомена поради фрлање на рекетот. Исто така во третиот сет тој беше казнет со еден поен откако се засили на сервирање, замавна со рекетот кон судијата.
Следен противник на Тин на Грен слем турнирот во Мелбурн ќе биде Французинот Корентин Муте.
Минатата година Медведев играше во финалето на Австралија Опен, во мечот за титулата загуби од Италијанецот Јаник Синер.