Десното крило на македонската ракометна репрезентација, Ненад Костески е оптимист пред утрешниот натпревар со Холандија во второто коло на Светското првенство 2025.

- Од натпреварот со Унгарија ги извлековме добрите работи, лошите ги тргнавме на страна. Утре не очекува брза и подготвена репрезентација. Ги анализиравме добро и се подготвивме за нивната игра. Тие имаа различен стил од Унгарија. Нема да биде лесно. Мора да им ја спречиме нивната полуконтра и брзиот центар. Се надевам на добар резултат и реванш за поразот пред две години во Полска. Очекувам победа и да се израдуваме сите.

Натпреварот почнува во 18 часот.

Од 20:30 часот во другиот натпревар од 2. коло во Д-групата се среќаваат Унгарија и Гвинеја.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/01/2025 04:28