Литванија одлучи да ги зголеми трошоците за одбрана од пет до шест проценти од Бруто домашниот производ поради заканата од руска агресија во регионот, изјави денеска литванскиот претседател Гитанас Наузеда.

Тој додаде дека „историската одлука“ била донесена денеска од Државниот совет за одбрана.

- Можноста за руска воена агресија сè уште е реална, но таа не е веднаш неизбежна. Мора да ги засилиме нашите напори за значително зајакнување на одбраната и одвраќање и да посветиме повеќе ресурси на ова. Нашата безбедност е загарантирана и со членството во НАТО, но тоа ќе биде ефективно само ако сме подготвени да се браниме, посочи Наузеда.

Литванија, која се граничи со Русија, моментално троши нешто повеќе од 3 отсто од својот БДП за одбрана. Со зголемувањето Литванија ќе стане првата земја-членка на НАТО која се обврза да ја достигне целта од пет проценти, што неодамна побара новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп.

Во моментот Полска издвојува најмногу за одбраната - четири проценти од БДП.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/01/2025 03:35