Претседателот на САД, Џо Бајден помилува речиси 2.500 лица осудени за ненасилни прекршоци поврзани со дрога.
Тој истакна дека осудените „одлежале подолги казни отколку што би добиле денес според сегашните закони“ и дека неговите потези ќе ги исправат „историските неправди“.
Бајден наведе и дека издал повеќе индивидуални помилувања од кој било друг претседател во историјата на САД.
Тој ги помилува затворениците три дена пред да ја предаде функцијата на новоизбраниот претседател Доналд Трамп