Премиерот на Велика Британија, Кир Стармер изјави дека сака да склучи трговски договор со новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп.

- Јасно кажав дека би сакале да разговараме за трговски договор со САД и дека не го прифаќаме аргументот дека постои избор помеѓу ресетирање на односите со ЕУ и договор со САД, а одлуките за тоа ќе бидат донесени во следните недели и месеци, посочи Стармер.

Трамп и Стармер претходно се договорија да се сретнат следниот месец.

Британскиот премиер во интервју за американскиот портал Политико ја минимизираше заканата на Трамп за новите царини на САД.

Инаугурацијата сè уште не се случи, па да видиме какви ќе бидат одлуките потоа, посочи Стармер.

Трамп претходно се закани дека ќе воведе царини до 20 отсто на целиот увоз во САД



Автор: Администратор
Објавено на: 18/01/2025 03:43