Рускиот претседател Владимир Путин и неговиот ирански колега Масуд Пезешкијан потпишаа договор за сеопфатно стратешко партнерство. Ова се случи за време на посетата на иранскиот претседател на Москва.
Документот, потпишан по завршувањето на преговорите во Кремљ, има за цел да ги подигне односите меѓу двете земји на ново ниво преку зацврстување на нивниот статус на стратешки партнери. Со него се поставува правна рамка за развој на нивната соработка на долг рок.
Според официјални лица од двете земји, договорот ги опфаќа сите области, вклучително и одбраната, контратероризмот, енергетиката, финансиите, транспортот, индустријата, земјоделството, културата, науката и технологијата