Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп и кинескиот претседател Си Џинпинг разговараа денеска телефонски, соопшти кинеското Министерство за надворешни работи.

Нивниот разговор се одржа во пресрет на инаугурацијата на Трамп в понеделникот. Односите меѓу САД и Кина се очекува да бидат меѓу главните теми на вториот мандат на Трамп, а меѓу другите прашања се очекуваат тензии меѓу двете велесили околу трговијата, технологијата и Тајван.

Си му рекол на Трамп дека очекува „добар почеток“ во нивните билатерални односи, објавија кинеските државни медиуми.

Трамп преку својата социјална мрежа „Truth Social“ потврди дека разговарал со Си и наведе дека разговорот бил „многу добар и за Кина и за САД“. Трамп рече дека разговарале за трговијата, фентанил, Тикток...

„Претседателот Си и јас ќе направиме се што е можно за да го направиме светот помирно и побезбедно место“, рече Трамп.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/01/2025 03:56