Македонската репрезентација вечерва во Вараждин ја забележа првата победа на Светското првенство 2025. Задоволството од победата над Гвинеја (29:20) и пласманот во Главната рунда искажа пивотот Жарко Пешевски.

- Не беше лесно како што покажува резултатот. Сепак, ја израдувавме македонската јавност. Продолжуваме во Главната фаза. Искуството и квалитетот пресудија. Ни следуваат потешки ривали во следната фаза. Австрија, Катар, Франција се извонредно силни. Но, нема откажување. Со голема поддршка од публиката и ако добро се подготвиме можеме до нови победи, изјави Пешевски.

Според распоредот, следниот натпревар Македонците ќе го играат на 21 јануари исто така во Вараждин, со голема веројатност против Австрија.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/01/2025 05:19