Првата битка во годината во градот Лос Анџелес им припадна на кошаркарите на Клиперс, кои на домашен терен ги совладаа Лејкерси со резултат 116:102.
Како и повеќето натпревари во ЛА, така и овој не разочара. Двата тима беа со сите свои ѕвезди, некои испишаа историја, а некои забележаа негативни достигнувања. На крајот триумфот им припадна на Клиперси кои цело време ја имаа предноста. Тимот го предводеше Норман Пауел со 22 поени, додека Џејмс Харден имаше еден помалку, што беше доволно за да го надмине Оскар Робертсон за 14. место на листата со најмногу освоени поени во историјата на НБА.
Од друга страна, Лејкерси водеа само по првиот кош на натпреварот. Остатокот од натпреварот помина во знакот на тимот на Тајрон Лу, кој ја постигна третата последователна победа. За Лејкерси ова е 18-ти пораз сезонава, а моментално се наоѓаат на шестото место во западната конференција, додека Клиперс се едно место погоре.
Најефикасен кај „виолетово-златните“ беше Леброн Џејмс, кој натпреварот го заврши со 25 поени и 11 асистенции. Тој беше најдобар стрелец на натпреварот, погодувајќи девет удари од 20 обиди и пет од шест слободни фрлања.
Каваи Ленард полека се враќа во форма, а на овој меч забележа најголема минутажа сезонава. Во триумфот над Лејкерси запиша 19 поени и четири асистенции, додека кај поразените Ентони Дејвис постигна 16 и погоди три блокади.