Скопје утрово се најде на 26. место на листата на најзагадени градови во светот. Според платформата за мерење на квалитетот на воздухот „Ај-кју ер“ („IQAir“), со индекс во однос на штетните честички од 137, главниот град се наоѓа во портокаловата зона со категоризирање на воздухот како штетен за лицата со чувствително здравје и хронични заболувања.

На првото место е Сараево со многу нездрав воздух и индекс од 296 во однос на присуството на штетни честички.

Меѓу првите 10 од Европа на второто место е Краков во Полска, со индекс од 198 единици, а трет е Ханој (196 ) во Виетнам.

Според податоците на табелата на „IQAir“, во 10 часот утрово од регионов, Приштина е на 19. место, Софија на 22, Букурешт на 23, Љубљана 37, Загреб 46 место, Белград на 51 и Атина на 87 место.

Специјализираната страница за мерење на квалитетот на воздухот „IQAir“ ги прикажува вредностите на аерозагаденост во реално време.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/01/2025 17:10