Управата за јавни приходи (УЈП) ги потсетува даночните обврзници кои имаат обврска да поднесат ДДВ - 04 пријави дека рокот за поднесување е до 27 јануари 2025 година.
- До денес, од вкупно 41.531 очекувани ДДВ - 04 пријави, поднесени се 6.253 пријави, што претставува само 15,1 отсто од вкупниот број. Остануваат уште 35.278 ДДВ – 04 пријави кои треба да се поднесат во преостанатите денови. Апелираме да бидете одговорни даночни обврзници и да ги доставите сите потребни документи до вашите сметководители со цел навремено и точно да се обработат вашите ДДВ -04 пријави за овој даночен период. Не го одложувајте процесот! Поднесете ги вашите ДДВ - 04 пријави на време и бидете пример за одговорни даночни обврзници, се вели восоопштението.
Дополнителни информации или поддршка може да се добие во Контакт центарот на УЈП, на info@ujp.gov.mk и на телефонските броеви: 0800 33 000 и 02 3253 200.