Момче на возраст од 24 години синоќа било пронајдено починато во када во куќа во кавадаречкото село Марена, информираат денеска од Секторот за внатрешни работи - Велес.

-Во 19:05 часот во ОВР - Кавадарци било пријавено дека во кадата во купатило во куќа каде престојувал во село Марена, пронајден бил починат 24-годишниот Д.Н. од селото Бегниште. Лекар од болницата во Кавадарци констатирал смрт без траги на насилство, појаснуваат од СВР - Велес.

Увид на местото извршиле увидна екипа од ОВР - Кавадарци и јавен обвинител, по чија наредба, телото на починатиот било дадено на обдукција.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/01/2025 19:15