Од Министерството за внатрешни работи попладнево информираат за одземени пиштол и 263 куршуми при претрес во дом на 46-годишно лице од Дреновец.
-Вчера во периодот од 10:45 до 11:15 часот, врз основа на судска наредба, полициски службеници од СВР - Тетово извршиле претрес во домот на С.С. од Дреновец - Тетово. За време на претресот биле пронајдени и одземени пиштол „црвена застава“ и 263 куршуми калибар 9 милиметри, појаснуваат од МВР.
По целосно расчистување и документирање на случајот, како што додаваат, ќе следува соодветна пријава.