Пауло Дибала беше најголемата главоболка на Рома во август, бидејќи беше на прагот да го напушти клубот, а на крајот на јануари стана нивна најголема радост. Имено, договорот на Аргентинецот автоматски беше продолжен за уште една година бидејќи одигра 50 отсто од натпреварите.
Дибала оваа сезона одигра 19 натпревари во Серија „А“ и шест во Лигата на Европа на УЕФА, постигна пет гола и даде три асистенции и со тоа ја активира клаузулата за продолжување на договорот.
Искусниот тренер Клаудио Раниери ја врати хемијата меѓу играчите, тимот е во серија од шест меча без пораз во Серија „А“ и веќе се доближи на четири бода до Милан кој е во зона „Европа“, а во Лигата на Европа на УЕФА потребно е да не изгубат од Ајнтрахт Франкфурт на Олимпико.