Аргентинецот Мартин Анселми е нов тренер на Порто. Анселми го замени Витор Бруно како тренер на Порто, кој минатата недела доби отказ по серијата лоши резултати.

Младиот стручњак никогаш досега не работел во Европа, а со Порто потпиша договор до јуни 2027 година. Сепак, тој веќе е етаблиран како тренер во Латинска Америка, иако има 39 години.

Тој беше најуспешен во Еквадор, откако освои четири купа со Индепендиенте де ла Вале, а работеше и како тренер за бразилски Интернасионал, пред да пристигне во мексикански Круз Азул во декември 2023 година.

Португалецот поради раскин на договорот на Мексиканците ќе треба да им плати отштета од 2,8 милиони евра.

Порто се наоѓа на третото место во португалскиот шампионат со 41 бод, а Анселми ќе има можност да дебитира во Белград в четврток против Макаби во последното коло од Лигата на Европа.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/01/2025 05:42