Во вечерашното гостување на Топ Тема, пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Пренџов, истакна дека две и пол години од собранието и преку Анкетната комисија за Онкологија, се искажувале сериозни обвинувања поврзани со случајот Онкологија, но обвинителството нема преземено никакви чекори.
„Две и пол години за многу сериозни обвинувања од собраниска говорница, кои што ги слушаше директно тогашниот јавен обвинител, никој ништо до сега не ја информираше македонската јавност, ниту видовме епилог од случајот, ниту кој е виновен за огромниот скандал кој што беше на Онкологија, едноставно две и пол години, обвинителството молчи. Тоа според мене е клучот зошто тој проблем продолжува да постои на таа клиника’’, потенцираше Пренџов.
Пренџов исто така додаде, дека имало страшни сведочења за случајот од луѓе кои што биле на Онкологија и дека ако биле преземени некакви мерки од обвинителството, до сега случајот ќе бил решен.
„Ако тогаш пред две и пол години, ние имавме информации точни, колку пари биле проневерени, колку лекови се несоодветно набавени, кој е за тоа виновен, денес ова немаше да продолжува стихијно, бидејќи таму, од тоа што јас имам информации цело време се проверува нешто“, појасни Пренџов.
Тој наведе дека според негови информации, една иста веледрогерија го уценувала здравството за цените поврзани за лековите за луѓето болни од рак.
„Од она кое што го знам и од медиумите, е тоа дека, определена веледрогерија, навикната да ја уценува државата, наишла на ѕид овој пат и она кое што денеска го гледав министерот за здравство ги уверува сите пациенти, дека следниве два, три дена ќе има лекови за сите пациенти кои што се на Онкологија’’, додаде Пренџов.