Тренерот на Лион, Пјер Саж, ја напушти функцијата, објави официјалниот сајт на францускиот фудбалски клуб.

Заедно со 45-годишниот Французин, клубот од Лион го напушти и целиот стручен штаб.

Лион по 19 кола се наоѓа на шестото место на првенствената табела, со 30 бодови.

Седумкратниот шампион на Франција, пред неколку месеци се соочуваше со банкрот и закана за исфрлање од Лига 1. Тешката финансиска ситуација се одрази и на резултатите на тимот.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/01/2025 04:01