Екипата на Милан вечерва загуби на гостувањето кај Динамо Загреб со 2:1 и пропушти шанса да обезбеди директен пласман во осминафиналето на фудбалската Лига на шампиони.

Динамо и покрај победата не успеа да влезе во плејофот.

Осмото коло го одбележа и првиот пораз на Ливерпул, кој сепак остана на првата позиција, бидејќи Барселона не го задржа водството над Аталанта и на крајот ремизира.

Постигнати резултати на натпреварите од 8.коло во Лигата на шампионите:

Астон вила – Селтик 4:2

Барселона – Аталанта 2:2

Баер Леверкузен – Спарта Прага 2:0

Баерн – Слован Братислава 3:1

Борусија Дортмунд – Шахтјор 3:1

Брест – Реал Мадрид 0:3

Динамо Загреб – Милан 2:1

Жирона – Арсенал 1:2

Интер – Монако 3:0

Јувентус – Бенфика 0:2

Лил – Феенорд 6:1

Манчестер сити – Клуб Бриж 3:1

ПСВ – Ливерпул 3:2

Салцбург – Атлетико Мадрид 1:4

Спортинг – Болоња 1:1

Штурм – Лајпциг 1:0

Штутгарт – ПСЖ 1:4

Јанг Бојс – Црвена ѕвезда 0:1.

Директен пласман во осминафинале обезбедија: Ливерпул 21 бод, Барселона, Арсенал, Интер по 19, Атлетико Мадрид 18, Баер Леверкузен, Лил и Астон вила по 16 бода



Автор: Администратор
Објавено на: 30/01/2025 03:55