Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва изјави дека ако американскиот колега Доналд Трамп ги зголеми тарифите за бразилските производи, тој ќе возврати - но, дека претпочита подобрување на односите наместо трговска војна.
Јужноамериканскиот гигант е една од земјите на кои Трамп им се закани со повисоки царини.
„Многу е едноставно: ако ги одданочи бразилските производи, Бразил ќе возврати во одданочувањето на производите што се извезуваат од САД“, изјави 79-годишниот Лула на прес-конференција.
Лула, кој моментално е во неговиот трет мандат, рече дека повеќе би сакал „да ги подобри нашите односи со САД“ и да ги зајакне трговските врски со вториот по големина трговски партнер на Бразил по Кина. „Сакам да ги почитувам САД и Трамп да го почитува Бразил. Тоа е се“, рече тој.
Лула, ги истакна глобалните закани со кои се соочува демократијата.„За мене, демократијата е најважната работа во човештвото во моментов... Или ќе продолжиме да функционира демократијата или ќе имаме држави поавторитарни од Хитлер и фашизмот. з