Млад неготинец се здобил со тешки телесни повредни на работно место, информираат попладнево од Секторот за внатрешни работи - Велес.
- Вчера во 14:55 часот во ОВР - Неготино било пријавено дека во кругот на фабрика во село Дуброво, неготинско, со работна машина - вилушкар, управувана од З.Б., на возраст од 51 година од Неготино, бил удрен вработениот Б.И., на 26-годишна возраст. Притоа, тој се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Кавадарци, појаснуваат од СВР - Велес.
Увид извршила увидна екипа од ОВР - Неготино.