Во издание на Општина Охрид деновиве од печат излезе книгата „Охридските писатели во книжевната критика“, на авторите Димитар Пандев и Славе Ѓорѓо Димоски.

Оваа книга е единаесетто издание на едицијата „Охридско книжевно наследство“ и опфаќа избор на дневно-публицистичка и популаризаторска критика за охридските писатели.

Во неа се нагласува високото место на писателите од охридскиот крај во македонската книжевност. Книгата има 298 страници и е објавена во тираж од 200 некомерцијални примероци.

Промоцијата на изданието „Охридските писатели во книжевната критика“ ќе се одржи во рамки на годинешното издание на манифестацијата „Прличеви беседи“ и тоа на 6 овој месец во Спомен куќата на Григор Прличев.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/02/2025 20:47