Аталанта и официјално потпиша со Даниел Малдини. Тимот од Бергамо ќе плати 10 милиони евра на Монца за трансфер на италијанскиот интернационалец.

Договорот на Малдини е до летото 2029 година.

Фудбалерот се пресели во Монца од Милан летото за 5 милиони евра. Во Серија „А“ одигра 20 натпревари на кои постигна три гола.

Неговите добри игри му донесоа повик во италијанската репрезентација, откако веќе запиша три гола за „азурите“.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/02/2025 22:57