Американската амбасада во Сараево денеска го извести Министерството за надворешни работи на БиХ дека се повлекува барањето за именување на Даглас Џонс за нов амбасадор на САД во БиХ.

„Амбасадата на САД во БиХ го повлекува барањето за согласност за именување на Даглас Џонс за нов американски амбасадор, како и согласноста за број на дипломатската нота“, стои во дописот што го пренесоа босанските медиуми.

Во документот не е наведена причината за оваа одлука.

Џонс беше номиниран од поранешниот американски претседател Џо Бајден, но со доаѓањето на новата администрација на Доналд Трамп, неговото именување се врати во Белата куќа за нова одлука. Во меѓувреме, рокот за потврдување на неговото именување во Сенатот на САД истече



Автор: Администратор
Објавено на: 14/03/2025 03:40