Американски претседател Доналд Трамп повторно ја коментираше можноста за анексија на Гренланд од страна на САД, велејќи дека тоа сценарио станува сè поверојатно.
- Мислам дека тоа ќе се случи, изјави Трамп пред новинарите во Овалната соба на Белата куќа, каде што беше домаќин на генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.
- Не сум размислувал многу за тоа порано, но сега седам со човек кој може да има клучна улога во тоа, додаде Трамп, вртејќи се кон Руте.
- Знаеш, Марк, ова не е само безбедносно прашање, туку и меѓународно безбедносно прашање. Ова всушност е многу важна тема, изјави американскиот претседател.
На парламентарните избори во Гренланд, победи опозициската партија „Демокраатит“, која се залага за постепено стекнување независност од Данска.с