Украина нема да прифати сценарио на замрзнат конфликт со Русија и нема да дозволи нова верзија на договорите „Минск“, изјави шефот на кабинетот на украинскиот претседател, Андриј Јермак.

- Нема да прифатиме замрзнат конфликт, а нашите американски партнери исто така се против такво сценарио. Против сме ‘Минск 3’, а Европа ќе биде вклучена во мировниот процес, рече Јермак.

Тој потенцираше дека Украина и САД се согласиле претставници од Европа неизоставно да учествуваат во мировните преговори.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/03/2025 04:02