Голема битка се водеше во последните реванш натпревари од осминафиналето на Лига Европа.

Ситуацијата беше неизвесна на сите терени освен во Лион, кој оствари убедлив триумф над ФЦСБ со резултат 3:0.

Во Англија владееше позитивна атмосфера, бидејќи Манчестер Јунајтед оствари важна победа над Реал Сосиедад (4:1) која го носи во следната фаза од натпреварувањето. Ним им се придружува Тотенхем кој со 3-1 го совлада АЗ Алкмар.

Фенербахче победи со 2:0 по 90 минути игра против Ренџерс и таму се играат продолженијата.

Лига Европа, осминафинале:

Атлетик Билбао - Рома 3:1 (1:0) /Вилијамс 45+3, 82, Берчиќ 68 - Паредес 90+3/

Ајнтрахт Франкфурт - Ајакс 4:1 (2:0) /Багоја 7, Геце 25, 82, Екитеке 67 - Тејлор 78/

Лацио - Викторија Плзен 1:1 (0:0) /Ромањоли 77 - Шулц 52/

Олимпијакос - Боде Глимт 2:1 (0:1) /Јаремчук 53, 65 - Хју 36/

Манчестер Јунајтед - Реал Сосиедад 4:1 (1:1) /Фернандеш 16 пен. , 50 пен., 87, Дало 90+1 - Ојарзабал 10 пен./

Лион - ФЦСБ 4:0 (2:0) /Микаутадзе 14, 47, Нуама 37, 88/

Глазгов Ренџерс - Фенербахче 0:2 (0:1) /Шимански 45, 73/

Тотенхем - АЗ Алкмар 3:1 (1:0) /Одоберт 26, 74, Медисон 48 - Купминерс 63/.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/03/2025 04:02