Ве известуваме дека денес (14 март 2025 год.) градоначалникот Дарко Костовски заедно со учениците го отвори спортско-рекреативниот центар “Радишани”, во дворот на ООУ “Ацо Шопов”. Спортско-рекреативниот центар се протега на површина од 4000 м2 и содржи ново модерно фудбалско игралиште со вештачка трева, кошаркарско игралиште со специјална ФИБА подлога, ново детското игралиште, тениско игралиште со акрилна подлога, фитнес зона за вежбање и рекреирање, нова челична ограда и ново лед осветлување.
Наскоро, во ООУ “Ацо Шопов” ќе започне изградба на затворен пливачки базен. Општина Бутел вложува во понатамошен развој на спортот, кој има огромно влијае врз севкупниот развој на секое дете, обезбедувајќи здрава иднина на новите генерации. Локалната самоуправа инвестира и создава можности за редовно практикување на спорт на сите граѓани. До крајот на мандатот на градоначалникот, во секое населено место во општина Бутел ќе биде изграден модерен спортско-рекреативен центар.