Британскиот премиер Кир Стармер денеска повика светските лидери да продолжат со засилен притисок врз рускиот претседател Владимир Путин за да го натераат да прифати прекин на огнот во Украина.

- Ако Путин е сериозен во намерата за мир, тоа е многу едноставно – треба да ги прекине варварските напади врз Украина и да се согласи на прекин на огнот, рече Стармер на виртуелен самит со околу 25 светски лидери, меѓу кои челници од Европа, Австралија, Канада и Нов Зеланд.

На средбата се разгледуваат можностите за воена и финансиска поддршка на Украина, како и потенцијална мировна мисија која би помогнала во обезбедувањето на евентуален мировен договор.

Стармер оцени дека „Путин на крајот ќе мора да седне на преговарачка маса“, а меѓународната заедница мора да биде подготвена да го обезбеди мирот на начин што ќе гарантира неговата долгорочна одржливост



Автор: Администратор
Објавено на: 15/03/2025 21:39