Крај на протестот објавија од Факултетот за драмски уметности во Белград откако вечерва од правец на Пионирски парк кон студентите кои протестираат било фрлано со шишиња и камења, јави МИА од Белград.

„Од правец на Паркот Пионер се фрлаат шишиња и камења. Овој протест повеќе не е студентски протест. Стражарите ги симнаа маркерите. Ги замолуваме сите да го напуштат просторот околу Собранието“, се вели во соопштението на Факултетот за драмски уметности во блокада. На просторот пред зградата на Претседателството во Пионирски парк се собрани членови на здружението „Студенти 2.0“, кои, како што велат, сакаат да се вратат на наставата и се спротивставуваат на студентските протести.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/03/2025 04:26