Фудбалерот од средниот ред на Манчестер сити, Илкај Гундоган го сподели своето мислење за ремито со Брајтон (2:2) во 29. коло од Премиер лигата.

- Откако двапати бевме во водство и одигравме навистина добро, штета што не освоиме три бода. Во вториот дел, откако го примивме вториот гол, почувствувавме дека ја загубивме самодовербата и вербата. Се разбира, грешките се случуваат дури и на ова ниво. Мислам дека имавме добра недела на тренинзи. Сакаме да ја пренесеме оваа моќ и енергија на натпреварите, изјави Гундоган за „Би-би-си“.

Манчестер Сити со 48 бодови останува на петтото место на табелата во Премиер лигата.

Брајтон со бод помалку (47) е седми на првенствената табела.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/03/2025 04:27