Студентите во блокада од Факултетот за технички науки во Нови Сад ги повикаа колегите и граѓаните, 17 март, да одржат 16-минутен помен за жртвите, јави МИА од Белград.

Како што соопштија во објава на Инстаграм, комеморативниот молк, што овојпат ќе трае една минута подолго во знак на солидарност со граѓаните на Северна Македонија, ќе се одржи в понеделник, на 17 март од 11:52 до 12:08 часот во Белград.

„Во знак на солидарност со народот на Македонија“, кратко изјавија студентите во блокадата на ФТН Акцијата за оддавање почит на загинатите во уривањето на настрешницата на железничката станица, но и поради несогледливата трагедија што се случи во Северна Македонија, ќе трае од понеделник, 17 март до недела, 26 март на иста локација.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/03/2025 03:06