Претседателот на Република Казахстан Касим-Жомарт Токаев упати изрази на сочувство до неговата колешка претседателката Гордана Сиљановска Давкова по повод трагедијата во Кочани.

-Длабоко ме растажи трагичната вест за бројни човечки жртви како последица на пожарот во градот Кочани, Северна Македонија.

Во име на народот на Казахстан и во мое лично име, изразувам сочувство до Вас и до семејствата кои ги загубија своите најблиски, како и до народот на Северна Македонија. На повредените им посакувам брзо закрепнување, се наведува во писмото од претседателот Касим-Жомарт Токаев објавено на неговиот официјален налог на платформата „Х“.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/03/2025 02:14