Заедницата на Македонците во Република Хрватска упати сочувство до своите сонародници во земјава по повод трагедијата во Кочани.

-Веста за незапамтената стравична трагедија во Кочани, која однесе 59 млади животи и повеќе од 150 повредени во разорниот пожар во дискотеката „Пулс“, длабоко нѐ потресе и растажи. Обединети сме во болката и тагата со нашите сонародници и граѓани на Македонија. Во овие тешки моменти на национална жалост, солидарни сме со вас. На сите семејства што ги изгубија своите најмили и на сите погодени од катастрофалната несреќа, Заедницата на Македонците во Република Хрватска упатува најискрено сочувство, а на повредените им посакува што поскоро оздравување, се наведува во пораката.

Воедно, Заедницата на Македонците во Република Хрватска со Македонските културни друштва во нејзиниот состав, соопштува дека во текот на седумдневната жалост ги откажува сите закажани и планирани културни настани и активности.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/03/2025 03:42