Столе Боја, дел од обезбедувањето на дискотеката „Пулс“ во која загинаа 59 млади за ТВ21 вели „лошо е кога на права душа пцујат“.

На прашањето дали чувствува вина, тој кратко одговори: Не!

„Јас ги спасив сите кои можев и многу ми е криво и мака за тие кои не можев да ги спасам.

Со голема болка и тага изразувам сочувство до семејствата и фамилиите на починатите кои се голем дел и мои пријатели и другари кои со сопствени раце ги вадев. Не знаете како ми е мене, но тоа е“, вели Боја.

На прашање дека гневот е кон нив и дали знае во Кочани денеска што беше, тој вели не е кон нас, луѓето бараат правда за нас, слобода.

„Па не е кон нас… Луѓето кои протестираат се од кај нас бараат правда за нас, слобода! Како херои ние успеавме се да направиме. Јас сум дел од обезбедувањето кое успеа да ги извади сите преживеани, што сите се сега среќни семејствата“, вели Боја.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/03/2025 04:41