Напаѓачот на Манчестер сити, Ерлинг Халанд размислува да го напушти клубот доколку „Граѓаните“ не успеат да изборат учество во Лигата на шампионите следната сезона.

Според „Ел Национал“, 24-годишниот Норвежанец би можел да го напушти Сити ова лето. Реал Мадрид и ПСЖ се сметаат за најверојатни опции Халанд да ја продолжи кариерата, но француското првенство не е приоритет за напаѓачот.

Халанд игра за Манчестер сити од 1 јули 2022 година, а неговиот договор со клубот е до 30 јуни 2034 година.

Оваа сезона напаѓачот одигра 38 натпревари, постигна 29 гола и четири асистенции.

„Трансфермаркт“ ја проценува пазарната вредност на норвешкиот фудбалер на 200 милиони евра.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/03/2025 18:42