Еден од двајца Грци смета дека подобро е земјата да оди на предвремени извори, отколку актуелната Влада да го исцрпи мандатот во 2027 година, додека пак 66 отсто, рекле дека ако в недела има избори гласот би го дале за друга Влада, наспроти 25 проценти кои одбираат да ѝ дадат втора шанса на Владата на Мицотакис, покажуваат резултатите од истражувањето на јавното мислење спроведено од агенцијата Алко за грчката телевизија Алфа, јави дописничката на МИА од Атина.

Од анкетираните, 55 отсто не се воопшто задоволни од резултатите на Владата, а исто толку изразуваат незадоволство од актуелниот грчки премиер.

На почетокот на месецов, грчкиот Парламент не го изгласа предлогот за недоверба на Владата доставен од четири опозициски партии, меѓутоа граѓаните имаат поразлично мислење и 67 отсто одговориле дека доколку имаа можност да гласаат, ќе гласаа „за“ и ќе го поддржеа конкретниот предлог.

Во однос на распоредот на силите на политичката сцена, Нова демократија е на првата позиција со 23,3 отсто, 1,1 помалку од истото истражување спроведено минатиот месец.

ПАСОК е на втората позиција со 11,7 отсто, Курс на слобода е трета политичка сила со 10,3 проценти, Грчко решение добива 8,2 отсто, а потоа следат ККЕ и СИРИЗА.

Истражувањето на јавното мислење било спроведено од 12 до 16 март со анкетирани 1.000 лица.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/03/2025 03:41