Не може да се исклучи можноста за средба помеѓу рускиот и американскиот претседател, Владимир Путин и Доналд Трамп во Саудиска Арабија, но сè уште нема конкретни информации за местото на одржување состанок лице в лице, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Претходно, специјалниот претставник на Трамп за Блиски Исток, Стив Виткоф наведе дека САД и Русија на 23 март во Џеда ќе разговараат за деталите за прекин на огнот во Украина.

И Виткоф посочи дека е „веројатна“ средба на Трамп со Путин.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/03/2025 04:08