Граѓаните на Пробиштип утре ќе се простат со тројцата свои сограѓани кои загинаа во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Од Општина Пробиштп информираат дека Тоше Тодоровски полициски службеник со почести, ќе биде изложен во капела во 11 часот, додека погребот е во 13 часот на Градските гробишта.
Телото на починатиот Матеј Марковски ќе биде изложен во капелата во 13 часот, а ќе биде погребан во 15 часот на градски гробишта во Пробиштип.
Додеката телото на Никола Насевски ќе биде изложено во домот во село Добрево, а погребот ќе се изврши во 17 часот.