Драги наши браќа и сестри,
Додека заеднички ја споделуваме болката од загубата на младите животи и траеме во надежта за исцеление на повредените, во сите храмови низ Европската епархија во недела на 23.03.2025 г. ќе бидат отслужени литургии за покој на душите на прерано претставените пред Бога чеда Божји и молебен за исцеление на оние кои се на лекување.
Воедно ве известуваме дека после литургиите ќе можеме да го покажеме нашето милосрдие и да донираме според можностите, во специјално за оваа намена, фондови за помош на настраданите.
Фондовите ќе бидат транспарентни.
Во оваа прилика ги објавуваме лицата за контакт од нашите црковни општини, како би можеле родителите или роднините кои доаѓаат во придружба на своите чеда да ги контактираат за логистичка и материјална поддршка.
Со вера во воскресение и живот вечен во Христа, и со надеж за исцеление остануваме отворени за секаква соработка и помош.
Со благослов на, Неговото Високопреосвештенство, Митрополит Европски г. Пимен
Лица за контакт:
🇸🇮МПЦО „Св. Климент Охридски“ – Љубљана
🇸🇮МПЦО „Света Троица“ - Крањ
Координатор:
Отец Митко Газинковски