На Воено-медицинската академија (ВМА) во Белград денеска почина лице кое се лекувало по уривањето на бетонската настрешница на реконструираната железничка станица во Нови Сад на 1 ноември 2024 година, јави дописникот на МИА од Белград. Тој е шеснаесетта жртва од уривањето на настрешницата.

Лицето - на возраст од 19 години и ученик во средно училиште во Нови САД - било примено на ВМА во крајот на јануари откако претходно се лекувало во Клиничкиот центар во Војводина.

„И покрај сите преземени мерки за лекување и максималната посветеност на персоналот на ВМА, пациентот им подлегна на сложените повреди и компликации. Упатуваме најдлабоко сочувство до семејството на починатиот В.Ц.“, се вели во соопштението од ВМА.

На училишната зграда е истакнато црно знаме, а граѓаните им се придружија на учениците и професорите во оддавањето почит на загинатиот млад човек. Студентите во блокада го сменија логото на социјалните мрежи - на црна позадина е испишан бројот 16.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/03/2025 03:58