Европската унија во своите одбранбени иницијативи треба да вклучи и што повеќе сојузници, кои не се членки на Унијата, вели заменик генералната секретарка на Алијансата, Радмила Шекеринска во обраќање пред Комитетот за безбедност и одбрана на Европскиот парламент (СЕДЕ).

Додека, Радмила Шеќеринска, која цел живот е на товар на граѓаните на Репулика Македонија, беседеше за ревооружување на Европа, во нејзината „Северна“ татковина се случи најголемата трагедија.

- „Таа истакна дека НАТО и ЕУ се природни и незаменливи партнери и затоа е важно да продолжи зајакнувањето на нивната меѓусебна соработката, при тоа поздравувајќи го Планот „Ревооружување на Европа“ на Еврокомисијата, зголемувањето на инвестициите во одбраната од страна на членките на Унијата, како и европската поддршка за Украина, кажа Шеќеринска.

Без ниту трошка емпатија, жената која активно го создаваше трулиот систем преку „милион партиски и државни функции“ и која директно и индиректно придонела за ерозијата и нефункционалноста на истиот, таа на СЕДЕ потенцираше дека најсвета должност било да ги чуваме нашите луѓе безбедни.

- Во актуелниот безбедносен контекст во кој Европа се соочува со нестабилност и закани од многу правци „наша најсвета должност е да ги чуваме нашите луѓе безбедни“, кажа Шеќеринска.

Инаку, Радмила Шеќеринска, која е активен чинител во политичкиот и општествениот живот од осамостојувањето и која би била тотална табула раса, кажано со речникот на нејзиниот сопартиец Љубомир Фрчкоски, доколку не биле граѓаните на Република Македонија, во овие тешки моменти, не изрази ниту сочуство за настраданите во трагедијата во Кочани.

А за тоа, како Радмила Шеќеринска, уништувала судбини, кариери па и човечко здравје, Макпресс.мк ќе објави во некоја друга прилика, кога Македонија ќе се опорави од шокот а таа, најверојатно, ќе биде на некоја друга политичка или државна функција, како и до сега, 35 години наназад.

П.с. Изрази сочуство за трагедијата во која загина младата Фросина, бидејќи мораше да се правда дека не ургирала во правосудните органи за да му се помогне на Васил Јованов, момчето кое ја усмрти! Бидејќи, правдање и демант и е второ име.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/03/2025 06:59