Италијанската премиерка Џорџа Мелони ќе учествува на „состанокот за мирот и безбедноста во Украина“ закажан за четврток во Париз, соопшти денеска нејзиниот кабинет.

Францускиот претседател Емануел Макрон претходно оваа недела потврди дека следниот четврток ќе биде домаќин на европските лидери и украинскиот претседател Володимир Зеленски на средба во Париз на која ќе се разговара за одбраната на Украина.

Макрон рече дека целта на состанокот е да се разговара за начините за забрзување на сегашната воена поддршка, како да функционира евентуалниот прекин на огнот, како и изготвување планови за зајакнување на украинската армија по договорот, како и за можното распоредување на мировници во Украина.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/03/2025 20:12