Швајцарската скијачка Лара Гут-Бехрами го освои Малиот кристален глобус во супер-Џи.

Во завршницата на Светскиот куп во скијање во неделата во Сан Вали, Гут-Бехрами влезе во последната трка во супервелеслом со пет поени заостанување зад водечката Италијанка Федерика Брињоне, која претходно го обезбеди Големиот кристален глобус за севкупна победа во Светскиот куп, како и Малиот кристален глобус во спуст.

Италијанската скијачка имаше голема шанса да го освои и Малиот глобус во супер-Џи, но на последната трка во оваа дисциплина Гут-Бехрами оствари убедлива победа.

Швајцарката славеше со 1,29 секунди предност пред американската ветеранка Линдзи Вон, за која тоа беше нејзин прв пласман на подиумот од 2018 година, а Брињоне, пак, заврши на третото место, со заостанување од 1,33 секунди зад Гут-Бехрами, со што падна на второто место во поредокот во оваа дисциплина.

Гут-Бехрами на тој начин ја надмина Брињоне (630) во поредокот на супер-Џи со 665 бодови, додека бронзениот медал и припадна на Италијанката Софија Гоџа (466).

Тоа беше шести Мал глобус за Гут-Бехрами во супевелеслалом, а трет по ред



Автор: Администратор
Објавено на: 24/03/2025 14:50