Руската 17-годишна тенисерка Мира Андреева загуби денеска во третото коло на ВТА Мастерс 1000 турнирот во Мајами, со што е ставен крај на нејзината долга победничка серија.

Андреева загуби од Американката Аманда Анисимова со 7-6), 2-6, 6-3 во дуел кој траеше два часа и 50 минути.

За Андреева ова беше прв пораз по серијата од 13 победи.

Андреева пред овој пораз освои два ВТА турнири од серијата Мастерс 1000, триумфирајќи во Дубаи и Индијан Велс.

Андреева својата голема кариера ја најави минатата година кога играше во полуфиналето на Ролан Гарос.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/03/2025 22:51