Општина Битола, ја финализира втората фаза од реконструкцијата на улицата „Солунска“ која содржи реконструкција на мешовитата канализациона мрежа, во должина од 554 метри, со вкупна вредност од 10,7 милиони денари, како и реконструкција на коловоз во должина од 566 метри чија вкупна вредност изнесува 13 милиони денари.
Со поставувањето на новиот коловоз, Општина Битола, ја комплетира втората фаза од реализацијата на овој проект, кој е дел од проектите со кои локалната самоуправа работи на подобрување на патната инфраструктура во урбаниот дел на општината, соопштија од тамошата локална самоуправа.
Во текот на вчерашниот ден асфалтирана беше улицата „Никола Тесла“ која води до старата битолска чаршија и централниот градски пазар