Јужнокорејскиот производител на автомобили „Хјундаи“ ќе инвестира 21 милијарда долари во САД во следните четири години, изјави денеска во Белата куќа извршниот директор на компанијата Чунг Еуј-сун.

Тој ја даде изјавата во присуство на американскиот претседател Доналд Трамп. Оваа инвестиција вклучува и развој на леарница во американската сојузна држава Луизијана, што ќе чини вкупно 5,8 милијарди долари.

Леарницата ќе биде „првиот 'Хјундаи' објект што некогаш е изграден во САД“, рече Трамп, додавајќи дека „оваа инвестиција е знак дека царините навистина функционираат“.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/03/2025 12:25