Повлекувањето на сите руски сили од Украина е еден од главните услови за укинување или измена на санкциите на ЕУ против Москва, изјави денеска портпаролот на Европската комисија.
„Крајот на неиспровоцираната и неоправдана руска агресија во Украина и безусловното повлекување на сите руски воени сили од територијата на цела Украина ќе биде еден од главните предуслови за измена или укинување на санкциите“, рече портпаролот.
Земјите од Европската унија ги обновија санкциите кон Русија на уште шест месеци кон крајот на јануари и почетокот на овој месец, а за секоја промена на санкциите е потребна едногласност од 27-те земји-членки на блокот.
САД вчера постигнаа одвоени договори со Украина и Русија, со кои е договорено двете земји да ги прекинат нападите на море и врз енергетски цели, додека Вашингтон се залага за укинување на санкциите кон Москва.
Русија вчера соопшти дека САД се согласиле да помогнат во укинување на западните санкции и ограничувања за храна, ѓубрива и бродски компании како предуслов за договор за поморска безбедност во Црното Море. р