Полициските службеници во текот на вчерашниот ден издадени 674 платни налози во рамки на засилените сообраќајни контроли за почитување на сообраќајните правила и прописи на патиштата низ државава.

Како што соопшти МВР, согласно актуелните статистички трендови по однос на сторените прекршоци најбројни се прекршоците на непрописно паркирање - 252, потоа прекршоците по основ на движење со брзина поголема од дозволената - 175, како и прекршоците по основ на возење без возачка дозвола - 41.

Изречени се и седум мерки за возење под дејство на алкохол, 39 санкции за неносење сигурносен појас, две мерки за возачи на мотоцикл поради неносење заштитна кацига, 20 санкции за користење мобилен телефон при возење, а меѓу другото исклучени од сообраќај биле 12 нерегистрирани возила.

-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, порачуваат од МВР.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/03/2025 14:27