Американските федерални служби за имиграција приведоа докторантка од Турција, која студира на Универзитетот Тафтс и ѝ ја одземаа визата.

Румејса Јозтурк (30) била приведена во близина на нејзиниот дом во Сомервил, Масачусетс, изјави нејзиниот адвокат, кој ја поднел тужбата до Федералниот суд во Бостон, тврдејќи дека била незаконски приведена.

Американскиот претседател Доналд Трамп и државниот секретар Марко Рубио ветија дека ќе ги депортираат странските пропалестински демонстранти, обвинувајќи ги дека ги поддржуваат милитантите на Хамас.

Јозтурк, степендист на Фулбрајт го истражува детскиот и човечкиот развој, а претходно студирала на Универзитетот Колумбија во Њујорк.

Минатата година, Јозтурк беше коавтор на напис во студентскиот весник „Тафтс дејли“, во кој го критикуваше одговорот на Универзитетот на студентските барања да се дистанцира од компаниите поврзани со Израел и „да признае геноцид врз Палестинците.

Американскиот претседател Доналд Трамп и државниот секретар Марко Рубио ветија дека ќе ги депортираат странските пропалестински демонстранти, обвинувајќи ги дека ги поддржуваат милитантите на Хамас.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/03/2025 04:21