Во февруари просечната каматна стапка на вкупните депозити изнесува 2,19 проценти и бележи раст од 0,43 процентни поени, а просечната каматна стапка на вкупните кредити изнесува 5,18 проценти и бележи пад од 0,34 процентни поени.
Просечната каматна стапка на новоодобрените кредити е намалена за 0,72 процентни поени на годишна основа, а просечната каматна стапка на новопримените депозити бележи годишен раст од 0,10 процентни поени.